Дипломатските односи со Република Полска се воспоставени на 30.12.1993 година.
Билатерална договорна рамка:
Склучени договори предмет на ратификација
1. „Договор меѓу Македонската Влада и Владата на Република Полска за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот од доход и данокот на капитал“
- склучен во Скопје на 28 ноември 1996 година,
- во сила од 17 декември 1999 година
2. „Договор меѓу Македонската Влада и Владата на Република Полска за поттикнување и заемна заштита на инвестициите“
- склучен во Скопје на 28 ноември 1996 година
- во сила од 22 април 1997 година
3. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Владата на Република Полска за меѓународен патен превоз“
- склучена во Охрид на 5 февруари 1998 година
- во сила од 30 јуни 1998 година
3a „Спогодба за изменување и дополнување на Спогодбата за меѓународен патен транспорт (измена на чл.7 ст.1) “
- склучена со размена на ноти,
- во сила од 23 јуни 2014 година.
4. „Договор за соработка во областа на културата и образованието меѓу Македонската Влада и Владата на Република Полска“
- склучен во Варшава на 29 јануари 1998 година
- во сила од 23 ноември 1999 година
5. „Договор меѓу Република Македонија и Република Полска за социјално осигурување“
- склучен во Варшава на 06 април 2006 година
- во сила од 01 јули 2007 година
5a. „Административна спогодба за примена на Договорот меѓу Република Македонија и Република Полска за социјално осигурување“.
- склучена во Варшава на 27 јуни 2007 година
6. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Полска за враќање и преземање на лица кои престојуваат без одобрение“
- склучен во Варшава на 06 април 2006 година.
- во сила од 4 февруари 2007 година
7. „Спогодба меѓу Република Македонија и Република Полска за уредување на билатералните договорни односи (сукцесија)“
- склучен во Варшава на 09 мај 2007 година
8. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Полска за соработка во борбата против организираниот криминал и други видови на криминал“
- склучен во Варшава на 16 јуни 2008 година
- во сила од 21 февруари 2009 година
9. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Полска за заемна заштита на класифицирани информации“
- склучена во Скопје на 24 ноември 2009 година
- во сила од 1 октомври 2010 година
10. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Полска за соработка во областа на одбраната“
- склучена во Скопје на 21 јуни 2010 година
- во сила од 21 април 2011 година
Договори и документи кои не подлежат на ратификација
1. „Спогодба за соработка во областа на просветата, високото образование и наука помеѓу македонското Министерство за образование и физичка култура и полското Министерство за национално образование за периодот 1996 - 1999 “
- склучена во Варшава на 11.10.1996 година
2. „Протокол за соработка меѓу Македонското Mинистерство за надворешни работи и Министерството за надворешни работи на Република Полска“
- склучен во Варшава на 24 април 1997 година
3. „Спогодба за соработка во областа на спортот меѓу македонското Министерство за образование и физичка култура и Уредот за физичка култура и туризам на Република Полска“
- склучена во Варшава на 24 април 1998 година
4. „Програма за соработка во областа на спортот меѓу македонското Министерство за млади и спорт и Уредот за физичка култура и туризам на Република Полска“
- склучена во Скопје на 13. 01.1999 година
5. „Договор за соработка меѓу Генералниот директор на Архивот на Македонија и Генералниот директор на Државните архиви на Република Полска “
- склучен во Варшава на 27.04.1999 година
6. „Договор за соработка во сферата на развојот на државната служба и реформата на администрацијата“
- потпишан во Варшава на 03 ноември 2005 година
7. „Програма за соработка во областа на културата помеѓу Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура и национално наследство на Република Полска за период 2009-2011. Важи до склучување на нова програма.“
- потпишана во Варшава на 08 јули 2009 година
8. „Договор за соработка меѓу Генералниот директор на Архивот на Македонија и Генералниот директор на Државните архиви на Република Полска“
- склучен на 27 април 1999 година
9. „Договор за соработка меѓу Државниот архив на Република Македонија и Генералниот директор на Државните архиви на Република Полска“
- склучен во Варшава на 08 март 2006 година
10. „Програма за соработка во областа на културата меѓу Министерството за култура на Република Македонија и Министерот за култура и национално наследство на Република Полска за период 2009-2011 (Истиот важи до потпишување на нов.)“
- склучена во Варшава на 08 јули 2009 година
11. „Спогодба меѓу Министерството за образование и наука на Република Македонија и Министерство за наука и високо образование на Република Полска за соработка во областа на науката и високото образование“
- склучена во Скопје на 10 септември 2013 година
Договори преземени преку сукцесија
1. „Договор за авионски сообраќај меѓу Владата на ФНРЈ и Владата на НР Полска“
- склучен во Варшава на 14.11.1955 година
2. „Договор меѓу Владата на ФНРЈ и Владата на НР Полска за соработка во областа на искористувањето на нуклеарната енергија за мирољубиви цели“
- склучен во Варшава на 04 април 1957 година
3. „Договор меѓу Владата на ФНРЈ и Владата на НР Полска за соработка во областа на здравството“
- склучен во Варшава на 20 октомври 1957 година
4. „Договор за соработка во областа на социјалната политика меѓу Владата на ФНРЈ и Владата на НР Полска“
- склучен во Варшава на 20.10.1957 година
5. „Договор за социјално осигурување меѓу Владата на ФНРЈ и Владата на НР Полска (Престанува да важи со влегување на сила на спогодбата за социјално осигурување од 2006 година;)“
- склучен во Варшава на 16.01.1958 година.
6. „Договор меѓу ФНРЈ и НР Полска за правен промет во граѓанските и казнените дела“
- склучен во Варшава на 06.02.1960 година
7. „Договор меѓу Владата на ФНРЈ и Владата на НР Полска за соработка и заемна помош во царинските работи“
- склучен во Белград на 12.11.1961 година
8. „Договор меѓу Владата на ФНРЈ и Владата на НР Полска за долгорочна соработка во областа на транспортот“
- склучен во Варшава на 25.11.1979 година
9. „Конзуларна конвенција меѓу Сојузниот извршен совет на Собранието на СФРЈ и Владата на НР Полска“
- склучена во Варшава на 02.12.1982 година