Залив на Коските, Охрид


Заливот на Коските се наоѓа покрај јужното крајбрежје на Охридското езеро на полуостровот Градиште, близу рибарската и туристичка населба Пештани, на длабочина од 3 до 5 метри. На овој локалитет е откриена праисториска наколна населба од доцното бронзено и раното железно време. Местото е наречено „Плоча Миќов Град“. Музејот на град Охрид го реконструира праисториското наколно живеалиште во Музеј на вода „Залив на Коските“. Местото е богата археолошка ризница за подводната археологија со многу артефакти од праисториски орудија, предмети од керамика, дрво, од камен и друго.